Работниците во бразилскиот институт за социјална безбедност откриле во текот на една рутинска проверка извод на родени од една старица која наводно има 120 години, а која живее во изолирана бразилска заедница на староседелци.
Старицата по име Марија Лусимар Переира родена е на 3 септември 1980 година, а кога тоа го виделе социјалните работници веднаш побарале да се утврди нејзиниот идентитет во најблискиот град.
Доколку оваа старица која е мајка на десет деца, баба на дваесетидве внуци, навистина има 120 години, тогаш без сомнение таа е најстарата личност во светот.