По 11 неделна изолација во Вухан е прославен крајот на карантинот и почетокот на нормалниот живот со спектакуларна светлосна претстава. Светлата кои симболизираат надеж и нов почеток се запалиле на полноќ.
Од средината на јануари Вухан беше комплетно отсечен од останатиот свет, а градските власти одлучиле повторно да го отворат градот откако цела недела не биле забележани нови случаи нa заразени. 11 милионскиот град бил најпогоден од останатите земји со повеќе од 70 илјади заразени и 2500 смртни случаи.
Градскиот превоз е повторно во функција, а првата работа која ја направиле граѓаните е да излезат од градот и да ги посетат семејствата и пријателите кои не ги виделе со месеци.