Пијалокот има најдобар вкус кога е направен по точен рецепт и е послужен во соодветна чаша. Заради гужвата и брзањето, некои келнери и шанкери се служат со трикови кои не се во корист на гостите.
1. Ставање премногу мраз
Замолете го келнерот за чаша вода од чешма и ќе добиете млака течност со две коцки мраз. Од друга страна, побарајте било каков пијалок и тој ќе плива во безброј коцки мраз. Случајност? Не баш. Мразот во чаша дава чувство дека сте добиле повеќе.
2. Ви точат скапи видови на алкохол
Кога гостите нарачуваат виски-кола, џин-тоник, вотка-џус, никогаш не прашуваат каков алкохол ќе им биде наточен, па понекогаш на сметката пишува дека е наточен најскапиот алкохол (иако можеби и не е така, со оглед дека е коктел и не може да се почувствува вкусот).
Ако не сакате да бидете изненадени, секогаш при нарачката прашувајте што ќе ви биде наточено.
3. Точат алкохол од воздух.
Сигурно сте го виделе оној келнерски трик кога келнерот го држи шишето со алкохол високо над чашата и налева пијалок од голема оддалеченост?
Овој трик прави илузија дека повеќе течност се слева во чашата, но тоа не е вистина. Искусните келнери на овој начин ќе ви наточат точна количина, или дури и помалку од вообичаената количина.