
Животот во Антарктикот не е лесен, особено во зима кога температурите се спуштаат на -50 степени, поради што жителите можеби не ги напуштаат своите домови многу недели.
Вила Лас Естрелас е името на чилеанското село лоцирано на Антарктикот. Тоа е всушност истражувачка станица и воена база 1000 километри оддалечена од првата голема болница, така што луѓето можат да се преселат овде само по операција на слепото црево.
Ова правило важи за научници и воени лица кои главно ја населуваат оваа база, но и нивните семејства.
Во Лас Естрелас има само неколку лекари, но никој од нив не се специјализирани хирурзи. Ова е токму причината зошто луѓето треба да бидат подготвени за фактот дека итните операции не можат да се извршат на лице место и да се прилагодат на ваквите услови за живеење.
Од истата причина, на жените не им се советува да забременат додека живеат во базата.
Околу 150 луѓе живеат тука во текот на летото, а во зима овој број се преполовува. Куќите се направени во живописни бои како контраст на сивото и мрачно време што е секојдневна појава овде.
Селото е опремено со сите основни институции – тие имаат мало училиште, пошта и банка, теретана, но и Руска православна црква и продавница за сувенири. Има дури и хостел со околу дваесет слободни места.
Тие одржуваат комуникација со остатокот од светот преку сателитски телефони, а во училиштето има неколку компјутери со пристап до интернет.
Погледнете го животот во Лас Естрелас преку слики.




