Фудбалската федерација на Саудиска Арабија го назначи поранешниот тренер на Барселона, Франк Рајкард за нов селектор на најдобрата национална фудбалска селекција.
Интересно е дека пред само неколку дена Федерацијата го назначи Бразилецот Рикардо Гомез за селектор на А репрезентацијата, кој за период од три години требаше да добие сигурни 9 милиони американски долари од постигнатиот договор. На доста комичен начин Гомез беше и отпуштен, без притоа да одработи ниту еден раборен ден во селекцијата, откако побарал малку подолг одмор, поради семејни прични.
Тоа веднаш доведе тој да добие отказ, а сега за нов селектор е назначен Рајкард, кој во 2006. година стана еден од малкумината тренери кои се искачиле на врвот на Европа и како играч и како стратег.
Рајкард со Фудбалската федерација на Саудиска Арабија потпишал договор на три години според кој ќе заработи 11 милиони американски долари.