„Воздушниот мост“ може да биде начин да се избегне 14-дневен карантин и одмор во странство.
Британскиот телеграф наведува дека патувањето без карантин ќе зависи од епидемиолошкиот статус на земјите, вклучително и Франција и Шпанија.
Британските туристи ќе можат да патуваат во странство ова лето, откако владата ги објави плановите за создавање „воздушни мостови“ со другите земји.
Предлогот го најави министерот за транспорт, Грант Шапс и тоа би значело дека оние што одат на одмор можат да патуваат во странство и да се вратат во Велика Британија без да одат во карантин.
Владата се очекува оваа недела да објави дека сите што пристигнуваат од странство одат во 14-дневен карантин.
Оние кои кршат карантин се соочуваат со казна од 1.000 до 10.000 фунти.
Се стравуваше дека ова ќе ги згасне вистинските надежи за патувања во странство летово, со оглед дека ќе се следи двонеделна изолација по одмор во странство.
Сепак, во понеделникот вечерта, Шапс рече дека плановите ќе бидат разгледани на секои три недели и дека земјите со слична епидемиолошка ситуација можат да бидат ослободени од ова правило.