Многумина изјавија дека актерката е среќна што е во брак со маж кој покажа колку се грижи за неа.
Актерката Ева Лонгорија (45) и мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон (51) ја прославија својата четврта годишнина од бракот на 22 мај. Сопругот на Ева подготви изненадување за неговата понежна половина, што остави многумина без зборови.
Иако актерката го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, таа не можеше да одолее, а да не сподели на Инстаграм дел од изненадувањето што нејзиниот сопруг го осмисли и спроведе како идеја за 4-та годишнина од бракот .
Хозе подготви вистински музички спектакл за неговата понежна половина, тој ги покани музичарите во дворот на нивната куќа во Лос Анџелес, каде што направија добра забава на импровизираната сцена, но и романтична атмосфера.
Тие ја изведоа песната „Фламенко“ додека Ева и Хозе се држеа за раце и пиеја црвено вино. Нивниот син Сантијаго застана веднаш до музичарот и играше со ритамот од музиката. Убавата актерка неможеше да ја тргне широката насмевка на лицето, и нема сомнение дека романтично беше изненадена и воодушевена.
– Санти учи фламенко. Ви благодарам на сите за неверојатна ноќ – напиша актерката во описот на видеото што го сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Честитки следуваа во коментарите, а следбениците на Ева веруваат дека романтичното изненадување е целосен успех и дека актерката е навистина среќана што се омажи за маж кој покажа колку се грижи за неа.
Погледнете како изгледаше изненадувањето на сопругот на Ева за нивната годишнина во видеотo.