Американскиот пејач Арон Картер, помладиот брат на Ник Картер од Backstreet Boys, твдри дека пејачот Мајкл Џексон му давал алкохол и кокаин, кога тој имал само 15 години. Арон кој оваа година поради емоционални и мантални проблеми, помина еден месец во клиника на рехабилитација.
“Никогаш јавно не сум зборувал за ова. Ми недостига Мјакл… Ние заедно поминавме неверојатни моменти. Со него правев многу работи за прв пат. Но, западнав во проблеми. Ми даваше вино, можев да одбијам , но јас имав само 15 години. Тој ми даваше и кокаин и се чеувствував многу чудно. Со часови разговаравме на телефон, јас му се восхитував на Мајкл, но неговото однесување многу ми сметаше. Тогаш мојата мајка повика полиција”, изјавува Арон Картер.