Асоцијацијата, која здружува работници во германската сексуална индустрија, повика на укинување на рестриктивните мерки во врска со нејзината работа, кои беа донесени заради пандемијата на коронавирус.
Повеќе не е оправдано да се затворат борделите и да се забрани проституција, се вели во здружението во писмото упатено до 16 члена на германскиот парламент, кои неодамна повикаа на забрана за плаќање за сексуални услуги.
Со оглед на фактот дека ширењето на инфекција со коронавирус низ целата земја опаѓа, индустријата што нуди сексуални услуги мора да биде во можност „повторно да заработи приход и да им понуди на клиентите добра услуга што е човечка и многу важна за нив“, се вели во писмото.
За време на коронавирусна криза, таквата услуга може да биде „од егзистенцијална важност“ за клиентите, според германското здружение на сексуални работници во сексуалната индустрија.
Деталите за хигиенскиот план беа утврдени и презентирани пред политичарите.
Понатаму, здружението посочува дека сексуалните работници се особено заинтересирани за хигиена и за нивната здравствена состојба со оглед дека тоа е „нивниот капитал“.