Бракот на Меган и Хари се распаѓа поради бившата љубов

popara13 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-13 252

Дали ова е крај?

Кога пред неколку месеци одлучија да ја напуштат Велика Британија и својата среќа да ја побараат во Америка, војвотката и војводата од Сасекс, 38-годишната Меган Маркл и три години помладиот сопруг, принцот Хари, се надеваа на нов почеток. Се надеваа и дека далеку од проблемите со дворот ќе можат да уживаат во мирниот семеен живот. Но, се чини дека тоа не е така. Познато е дека социјалните мрежи предизвикуваат кавги меѓу бројни парови, а сега и Меган е бесна на Хари, и тоа заради – Facebook, пишува Woman’s Day.

Наиме, британските медиуми неодамна се распишале дека 35-годишниот принц некогаш имал приватна корисничка сметка на Facebook под името ‘Spike Wells’, а на профилната фотографија се наоѓала неговата бивша девојка Челзи Дејви. ‘Меган ‘држи око’ на Челзи. Знае дека таа го напуштила Хари и дека тие сеуште се во контакт’, тврди неименуван извор за наведениот медиум и додава дека Меган е  ‘луда’ баш поради лажниот профил на Хари.

‘Меган е многу љубоморна на Челзи, која дури и присуствуваше на нивната венчавка. Секогаш се плашеше дека ако Хари има прилика, би ја одбрал Челзи, а не неа’.

‘‘Целата ситуација ја влошија вестите за некогашниот профил на Хари, не може да престане да размислува на тоа. Сега Меган верува дека Хари има уште лажни Instagram или Facebook ‘профили’, кои ги користи како би можел за разговара со Челзи’’, заклучува изворот и додава дека токму атрактивната Челзи би можела да биде причина за распадот на бракот на кралскиот пар.

Инаку Хари и Челзи прекинаа уште во 2009 година. Кога неодамна ја прашаа што мисли за ситуацијата во која се најдоа нејзиниот бивш партнер принцот Хари и Меган, беше доста кратка. ‘Навистина не би сакала да ја коментирам нивната ситуација. Јас сум многу среќна и тоа ми е најважно. Возбудена сум поради се што ме чека и сега конечно можам да кажам дека се е како што треба да биде’, искрена беше дизајнерката на накит Челзи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag