Дали имате проблеми со помнењето? Имате ли тешкотии со концентрацијата или сте депресивни? Често менувате расположение или ви недостасува мотивација? Покрај тоа имате проблеми со сонот. Се чувствувате дезориентирани и ви се чини дека немате контрола над својот живот. Се пронаоѓате ли во овие симптоми, добро ќе ви дојде подмалдување со урамнотежена исхрана и правилен избор на намирници:
– За правилно функционирање на мозокот требаат педесетина хранливи состојки, а покрај тоа битно е да се одржува стабилно ниво на шеќер во крвта.
– Избегнувајте пржена храна, маснотии, индустриски преработена храна и алкохол.
– Конзумирајте многу риба, која е одлична храна за мозокот.
– Јадете храна која е богата со витамини Б, кои влијаат на процесот на мислење. Посебно важни се: Б3, Б5, Б12 и Б6, доколку сакате да го внесете целиот спектер Б витамини, земете таблета Б-комплекс.
– Секој ден јадете семки.
– Внимавајте вашата исхрана да биде богата со цинк (го има во ореви, семки и интегрални житарици)
– Употребивајте ладно цедено масло, а за пржење на висока температура употребувајте рафинирано маслиново масло или масло од кикирики.
– Земајте мултивитамински таблети
– За ментална кондиција клучна е добрата цирлулација во мозокот и другите делови на телото, па пожелно е да се внесуваат активни состојки кои ја поттикнуваат циркулацијата.