Поранешниот маж на Бритни Спирс се чини дека е во тешка финансиска криза, така што одлучил се да продаде…
Кевин Фидерлајн организирал аукција на предмети кои се во сопственост на неговата поранешна сопруга.
На аукцијата ќе се најдат предмети како заеднички фотографии, шешир на Бритни, белешки и најбизарниот од сите е дека Кевин ги продава и поканите за нивната венчавка која се одржа 2004 година.
Почетна понуда за покана е 1.000 долари, а тој верува дека фановите на Бритни ќе дадат и многу повеќе.
Една од многуте бизарни предмети кој најде во рацете на оние кои ќе платат најмногу е и приватна фотографија на Бритни, сликана кога пејачката била на пат да го роди првото дете.
За тоа дека целото семејство е во криза, укажува и тоа дека Кевин и својот дедо го вклучил во “вкупната продажба”. Поточно, дедото поседува покана за “Бебе забава”, која пејачката ја организирала по раѓањето, па и таа се нуди на аукцијата.
Бракот со популарната пејачка не му успеа, но во “тешки времиња”, Кевин сепак се сетил дека може да направи пари, ако ништо друго.
One comment
Jana
4 јули, 2011 at 15:56
Grvce, neka se soblece gol i neka igra striptiz na sred Hollywood, taka neka zaraboti za zivot