Светот се потресе од трагичната вест за смртта на младиот американски фудбалер Дерик Отим. Имено, поранешниот играч на клубот во Nottingham Forest, на возраст од 25 години, се удавил во езерото, пишува Daily Mail.
Имено, трагичното сценарио се случило во Јужна Каролина, каде фудбалерот беше на одмор. Дерик, роден во Гана, се удавил во езерото Кеови, а неговото безживотно тело било пронајдено неколку часа подоцна. Што точно се случило, надлежните институции сè уште немаат откриено, а многу колеги, пријатели и навивачи се збогуваат со прерано починатиот фудбалер.
“Почивај во мир, Дерик. Членовите на клубот се многу тажни поради оваа трагична вест. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството во овие тешки времиња”, рече Nottingham Forest.
“Ме уништи оваа лоша вест за смртта на легендарниот спортист. Тој беше исклучително талентиран фудбалер и прекрасен човек. Животот е навистина суров“, напиша еден обожавател на социјалните мрежи.