Научници пронашле ген кој подмладува

popara4 јули, 20111min00
laboratory girl

Многу научници низ целиот свет со години се обидуваат да ја “уловат младоста”, но до сега тоа не им успеало. Но сепак, научници од САД, дошле до откритие на ген кој ги неутрализира ефектите на стареење во квасните клетки. Но, она што е уште поважно е тоа што успеале да ги откријат механизмите како тој ген функционира.

Тим научници предводен од страна на Анџелика Амон откриле дека за време на спорулација во квасните клетки дошло до експресија на генот наречен NDT80, што на квасните клетки им го дуплирал животниот век, било објавено во списанието Science.
Анџелика вели дека е многу важно што оваа студија открила метод кој може да ги подмлади клетките, и со понатамошна работа ќе се обидат истиот метод да го применат на човековите клетки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag