1. Бесмртниот мост (Кина)
Локација – на планината Таи во провинцијата Шандон во Кина. Никој не знае кога големите карпи паднале и го направиле мостот, но многу е веројатно тоа да се има десено во последното ледено доба.
2. Стариот мост на Конитса (Грција)
Интересно кај овој мост е тоа што под мостот има поставено ѕвонец, така да кога ветрот е доволно силен да заѕвони ѕвоното, тоа значи дека опасноста да се движите по мостот е голема.
3. Carrick-a-Rede мостот од коноп (Ирска)
Овој мост во близина на Балинтој, областа Антрим во Северна Ирска, го поврзува копното со малиот остров Карик, долг е дваесет метри, а изграден е на 30 метри над морската површина.
4. Мостот на кралскиот кањон (Колорадо)
Овој мост е туристичка атракција во близина на Кањон Сити во Колорадо, изграден на 291 метар над реката Арканзас.
5. Инка мостот од коноп (Империјата на Инките, Перу)
Овој тип на мостови биле поврзувачи на кањоните за да обезбедат влез на во Империјата на Инките.
6. Висечкиот мост на Pulau Langkawi (Малезија)
Овој воздушест мост се протега околу кањонот во Pulau Langkawi, најголемиот остров во архипелагот Langkawi во Малезија.
7. Puente de Ojuela (Мексико)
Во свое време Ojuela бил мал рударски град лоциран во северозапад од градот Дуранго во северно Мексико, денес познат како град на духовите, напуштен поради тоа што залихите на рудата биле целосно исцрпени.
8. Висечкиот мост на Hussaini (Пакистан)
Познат е како најопасниот мост на светот, а е само еден од многуте мостови од коноп во северен Пакистан.
9. Мостот на реката Витим (Сибир)
Изграден над широката река Витим во Сибир, Русија. Ви овозможува да ја преминете реката преку дрвениот мост, широк доволно да помине еден автомобил, но долг 570 метри и ќе ви требаат добри 3 минути за да преминете.
10. Природниот мост на кањонот Bryce (Јута, САД)
Природниот мост, најпопуларената арка во кањонот Брајс е лоциран 1,7 милји после Fairview Point.