Ќерката на Михаил Шумахер, Џина Марија Шумахер (23) објави црно-бела фотографија на која позира со широка насмевка на својот Инстаграм профил.
„Нешто позитивно е подобро од ништо негативно“, напиша таа покрај фотографијата, цитирајќи го Елберт Хабард, американски писател.
Објавата собра над 11.000 лајкови, а бројни следбеници коментираа за тоа како Џина Марија е копија на нејзиниот славен татко: „Девојчето на тато“, „Иста си татко ти“, „Прекрасна насмевка“, „Каков татко, таква ќерка“, „Ти си клон на татко ти“, се само некои од коментарите.
Покрај својот изглед, Џина од татко си ја наследила и љубовта кон спортот, таа професионално се занимава со јавање.
Потсетуваме дека Михаил Шумахер имаше несреќа на скијање пред седум години кога ја удри главата на карпа кога падна. Помина неколку месеци во кома, а во последните години престојува во неговиот дом во Женева, каде што неговото семејство се грижи за него, пренесува хрватскиот Индекс.
“Тој е во најдобрите можни раце и правиме се од себе за да му помогнеме. Разберете нè, ние ги почитуваме неговите желби да го чуваме неговото здравје во тајност. Сè што е можно човечко за да му помогнеме, ние правиме. Таква чувствителна тема како здравјето , ние ја чуваме во тајност, затоа што тој тоа го сака “, рече сопругата на Шумахер, Корина, која досега и откри на јавноста само дека седумкратниот шампион во Формула 1 не може да се движи.