Се вели дека има некој за секого, но во пракса тоа не е секогаш случај. Откријте ги најчестите причини зошто членовите на зодијакот избираат погрешен партнер или остануваат сингл.
Без разлика дали мислат дека немаат среќа во љубовта, разочарани се по љубовен бродолом, сакаат некој што не се грижи за нив, или едноставно се одмораат од „потрагата по сродна душа“, факт е дека сè повеќе луѓе денес се изјаснуваат како слободни.
Некои од причините за соло статусот може да се најдат и во хороскопскиот знак, пишува порталот 24sata hr.
Овните изгледаат гласни, арогантни, агресивни и застрашувачки, што може да направи потенцијалните партнери и додворувачи да се чувствуваат непријатно.
Тешко е да се влезе во животот на Биковите, кои се чини дека се избалансирани од темел до кров, а нивната љубов и лојалност се чини дека се претходно уредени, така што нема место за некој нов.
Некако, тешко е за луѓето кои се во нивна околина да ги сфатат Близнаците сериозно, преку перспектива на лојален и траен партнер, па затоа мислат дека се почесто расположени за флерт.
Раковите градат sидови околу нив толку вешто што оние што сакаат да им пријдат често немаат начин да го сторат тоа.
Лавовите бараат некој што ќе ги сака повеќе отколку што се сакаат самите, па затоа не е чудно што им е тешко да најдат таква љубов.
Покрај тоа што делуваат срамежливо и недостижно, Девиците честопати даваат погрешен впечаток за себе и делуваат напорно, додека Вагата има спротивен проблем – тие се обидуваат да ги шармираат и да ги заведуваат сите околу нив, така што потенцијалните партнери се откажуваат од врската.
Перформансот на членовите на знакот на Шкорпија се чини застрашувачки и чуден, па без оглед колку изгледаат секси и привлечни, некои чудни темни вибрации можат да ги одвратат додворувачите.
Стрелецот изгледа толку опуштено, спонтано и игриво, што едноставно остава впечаток на сериски заводник, а луѓето обично не сакаат да се изгорат со овој знак.
Механизмите за одбрана на Јарецот се толку силни што луѓето што ги сакаат имаат впечаток дека најпрво треба се додворуваат, да ги заведуваат и да докажат сериозни намери.
Без оглед колку и да се пријателски настроени, Водолиите во љубовниот план се чинат многу недостапни, заробени во нивниот свет и како да немаат доволно концентрација за да работат само на една врска.
Во некои заводнички ситуации, припадниците на овој знак ќе бидат толку засрамени што едноставно ќе се насмеат, а потенцијалниот партнер нема да може да разбере дали е тој на кого се смеат Рибите, или што всушност тие мислат.