За 20 години децата нема да се добиваат само по сексуален пат

popara11 август, 20201min00
генетика 3

Професорот по генетика Хенри Т. Грили во новата книга The End of Sex and the Future of Human Reproduction се занимава со прашања од етички и правни теми кои произлегуваат од генетскиот инженеринг.

Смета дека за 20-40 години паровите сосема ќе го занемарат сексот за репродукција и ќе се завртат кон науката. Постапките кои ќе водат до природно зачнување ќе бидат бесплатни. Одредени револуционерни техники кои вклучуваат истражување на матични клетки и генетика ќе го овозможат тоа. Тие и некои други научни методи ќе создадат темели за предимплантациска генетска дијагностика (ПГД). Веќе постоечките техники само ќе се надградуваат.

Веќе се користи ПГД за да се откријат гените кои предизвикуваат тешки болести. Секоја година таа постапка се применува на илјадници ембриони. Се работи за скапа постапка а Грили кажува дека се ближи денот кога ќе може да се секвенционираат сите 6,4 милијарди геноми на ембрионите со брза и евтина постапка која се нарекува лесно ПГД.

Замислете двојка која сака дете. Оди на консултација кај специјалист за плодност кој од нив ќе извлече генетски материјал како сперма или клетки од кожата.

– ДНК на ембрионот потоа ќе се секвенционира и анализира пред одлуката за тоа кои ембриони ќе се пренесат во матката за понатамошен развој. Потенцијалните родители ќе дознаат се што сакаат за генетската слика на десетина ембриони, а потоа ќе одберат еден или два за бременост и раѓање. Освен што на тој начин ќе се елиминираат болестите, постапката ќе биде сигурна, законска и бесплатна, вели Грили.

Грили смета дека луѓето кои ќе зачнуваат деца на старомоден начин ќе бидат стигматизирани бидејќи ќе претставуваат трошок за понатамошни здравствени трошоци. Но на овој начин ќе се создаде рамноправност бидејќи и истополовите бракови ќе можат да имаат дете кое ќе биде генетски нивно. Но постои веројатност и резултатите да бидат застрашувачки.

Луѓето и понатаму ќе имаат секс заради уживање и создавање на блискост со партнерот. Но Грили смета дека сексот зарди размножување во иднина ќе стане непотребен. Што се однесува на моралните и етички двоумења Грили е научник и експерт по право. Смета дека на адвокатите понекогаш им е должност да ги изнесат фактите пред клиентите и да им остават можност самите да донесат одлука.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag