Својата летна турнеја Влатко Стефановски ја започна на 30 јули со акустична варијанта и во склоп на 66 Сплитско лето и програмата ‘Split Soul’ на Сустипан, по што заминал за Макарска. Потоа го угостил и Дубровник, каде му бил приреден дочек за паметење.
За време на концертот одржан во летното кино Славица, Стефановски уште еднаш покажал зошто го сметаат за еден од најголемите гитарски виртуози на овие простори.