И мажите и жените можат да доживеат оргазам во текот на сонот. За разлика од мажите кои оставаат докази зад себе дека нешто се случило во текот на ноќта, кај жените не се познава ништо.
Оргазмот е процес кој се случува во нашиот мозок и затоа не ни е потребна физичка стимулација за да се случи. Иако луѓето немаат влијание дали тоа ќе им се случи додека спијат или не, еве неколку трикови.
Спијте на стомак или во било која друга позиција која создава одреден притисок на надворешниот дел од вашите гениталии. Исто така, можете нешто да гледате или да прочитате додека сте се уште будни, а што ќе може потоа и да го сонувате. Исто така, трудете се да имате повеќе оргазми во будниот дел од животот.
Мажите почесто доживуваат оргазми во сон
80 проценти од мажите и 40 проценти од жените доживуваат оргазам во текот на сонот барем еднаш во животот. Многу жени можат да доживеат оргазам само при помислување на нешто сексуално, како допирање на брадавиците или клиторисот.
Има жени кои доживуваат оргазам само во сонот бидејќи тогаш се најопуштени
Многу жени кажуваат дека можат да доживеат оргазам само во сон, додека не можат да доживеат оргазам за време на сексот. Доколку потешкотиите од доживување оргазам за време на секс се поврзани заради ансиозност, депресија, стрес, срам или притисоци во врската, може тоа да се случи за време на спиењето. Сонот е прекрасно доживување кое може да го олесни патот до врвот на задоволството.