Никогаш не сме ја виделе во вакво издание- Брижит Mакрон ги привлекла погледите во костим за капење!

popara13 август, 20202min00
makron 5

Сопругата на францускиот претседател Емануел Mакрон од кого е постара 24 години добро е позната по своите детално осмислени модни комбинации.

Во нејзината гардероба преовладуваат елегантни парчиња од врвни француски дизајнери, особено Louis Vuitton, на сега за прв пат ја гледаме во сосема поинакво издание.

Претседателскиот пар уживал пловејќи на брод на островот Porquerolles на југот на Франција.

За оваа пригода Брижит која секогаш воодушевува со модните комбинации одбрала тренди едноделен костим за капење во темносина нијанса кој открил дека првата дама на Франција може да се пофали со својата завидна линија.

Косата ја заштитила со капче во иста нијанса како и костимот за капење со минималистички крој кој е апсолутен хит оваа сезона.

станува збор за класичен крој кој им прилега на сите бидејќи успешно ги прикрива сите несовршености, а го истакнува она што сакаме да го откриеме.

Одморот се чини дека многу им годи бидејќи макронови не ги симнувале насмевките од лицето, а претседателот Емануел дури и се обидел на jet ski.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag