Ова необично пријателство е снимено во Индија, а причината е тоа што таткото на Бама е тренер за слонови, така што девојчето наследило талент и љубов кон животните.
И покрај разликите во висината, тежината и изгледот, девојката не покажува најмал страв пред големиот Ум, напротив храбро стои пред него.
Мајката на Бама посочува дека ова е неверојатно пријателство и дека тие не се однесуваат како животно и бебе, туку играат како вистински пријатели.
– Ние доаѓаме овде како семејство да го бањаме слонот и многу сме среќни поради нивното пријателство, затоа што тоа е ретка врска помеѓу слон и човек – додава мајката на Бама.