Дизајнерот од Чикаго, Борис Пауел, најде решение, пренесува „Abc7“. Неговата иновативна идеја е да дизајнира маска за лице што ќе му овозможи на сопственикот да ужива во омилениот пијалок без да ја тргне маската.
Тој ја нарече „МОЈА Сипи маска“ т.е маска за пиење.
Тој вели дека дошол до решение со тоа што гледал во луѓе во кафулиња и ресторани што не носат маски.
– Ние Американците не сме навикнати на обврската да носиме нешто на лицето. Затоа, мислев, ако веќе мора да имаме маски, подобро е тие да бидат убави и да се чувствуваме подеднакво безбедни и модерни со нив – рече тој.
Тој објаснува како дизајнирал парче ткаенина на текстилна маска што покрива дупка ограничена со метален прстен, доволно голема да ја држи сламката за да се напиете од омилениот пијалок. Кога ќе завршите со пијалокот, ткаенината е прикачена на маската и со тоа продолжува да Ве заштитува.
Борис вели дека донира дел од парите од продажбата во добротворни цели и подготвува нова линија на маски кои ќе бидат модерни и ефтини. Маската за пиење може да се купи преку Интернет од неговата продавница и чини околу 160 американски долари.