Британката Трејси Кис (32) гордо се нарекува себеси „Пластична Фантастична“, а нејзиниот најголем адут, буквално, се огромните силиконски гради, на кои досега потрошила околу 25 000 евра.
Како што вели, дури откако започнала со операција на градите, таа започнала да живее вистинскиот живот.
На 18 години ги мразев моите мали гради, тие беа нерамни, а едната брадавица беше свртена кон исток, а другата кон запад, ја започнува Трејси нејзината приказна.
Го скрив моето тело под големи маици и широки фустани. На училиште, тие со години ме нарекуваа имиња и ме викаа „рамна табла“. Тогаш имав момче, но немав храброст да го соблечам градник пред него, продолжува Трејси.
Ја направив мојата прва операција во 2005 година и бев воодушевена кога ми ги извадија завоите. Ова беше нова јас. За прв пат во мојот живот, чувствував дека расте мојата самодоверба и веднаш се заљубив во моите нови облини, објаснува Трејси.
Трејси ја имаше последната од четири операции во септември минатата година во Истанбул. Таа во моментов има гради од 120 сантиметри.
Сакам кога ме нарекуваат „Пластична Фантастична“. Горда сум на моите гради и сакам да им ги покажувам на сите. Знам дека донесов вистинска одлука и ако не сум задоволна од големината, повторно ќе ги зголемам, заклучи Трејси.