Осуден братот на бомбашот самоубиец од концертот на Аријана Гранде
21 август, 20200
Хашем Абеди му помогна на својот постар брат Салман во планирањето на нападот во кој беа убиени мажи, жени и деца, а стотици беа повредени, пишува ББС.
Судот пресуди дека тој е исто толку виновен како неговиот брат за експлозијата на бомби во Манчестер Арена. Да потсетиме, Салман Абеди уби 22 лица за време на концертот на споменатата пејачка во мај 2017 година.