Во Јапонија е ограбен Музеј на нинџа кланот Ига, а крадците украле повеќе од еден милион јени (8000 евра).
Музејот Ига-риу Нинџа во централна Јапонија е посветен на историјата на познатиот клан Ига-нинџа, пренесува Би-Би-Си.
Полицијата била повикана откако во понеделникот се активирал алармот, објави денеска музејот.
Полицајците откриле дека вратата на канцеларијата е скршена и дека е исчезнат сеф со тежина од 150 килограми.
Според музејот во сефот имало пари од билети од околу 1100 луѓе.
Популарната туристичка атракција им овозможува на посетителите да го видат и пробаат нинџа оружјето и да гледаат претстави.