Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл во четвртокот го прекрши протоколот за немешање во политиката на членовите на британското кралско семејство и повика на „измени“ на претстојните претседателски избори во САД.
Таа го кажа ова на еден виртуелен митинг, организиран од групата „Кога сите гласаме“, каде ко-претседател се поранешната прва дама Мишел Обама и актерот Том Хенкс, во обид да се зголеми излезноста.
„Сите знаеме кои се влоговите оваа година. Го знам тоа и мислам дека сите го знаете тоа сигурно“, рече Маркл. „Сите сте мобилизирани и полни со енергија за промените што на сите ни се потребни и ги заслужуваме“.
„Гласаме за да им оддадеме почит на оние пред нас и да ги заштитиме оние што ќе дојдат по нас – затоа што тоа е она што ја сочинува заедницата и тоа е она што се случува на овие избори“, рече таа.