Бил Марлел е адвокат и BottomLineInc никогаш не би побарал совет од него за храната што предизвикува труење, доколку не поминал 20 години тужејќи за труење со храна. Тој некоја храна, апсолутно никогаш не ја јаде. Тој е познат по тоа што во кариерата добил 600 милиони долари оштета во корист на клиентите кои полесно, потешко, па дури и фатално настрадале како резултат од неисправна храна. Значи, кога тој вели дека одреден ризик не вреди, тогаш треба да му се верува. Pa kad on kaže da se određeni rizik ne isplati, onda mu treba vjerovati.
Ова се 6те работи кои треба да се избегнуваат:
- Школки
Марлел вели дека видел повеќе труење со школки во последните пет години отколку во последните две децении. Причината е начинот на кој се хранат школките. Тие ја филтрираат водата, па ако во неа има некоја бактерија , тие исто и неа ја филтрираат.И ако остане во неа, и ако школката е сурова и повеќе бактерии се пробиваат во човечкиот дигестивен систем, тогаш… Со климатските промени и кај потоплите води, ваквите случаи стануваат почести.
- Недоволно варени јајца
Секој пат кога доаѓа до епидемија на салмонела, луѓе страдаат ужасно, некои дури и не преживуваат. Во епидемијата во 2010 година се пријавени 2.000 луѓе заразени. Марлел верува дека опасноста е многу помала денес, отколку што била во 90-тите. Но, тој јаде јајца само добро печени или варени.
- Добро измиена или исечена салата или овошје
Марсел „ја избегнува оваа категорија како чума“. И тоа е затоа што колку повеќе храна се преработува, се сече, толку повеќе минува низ повеќе раце, растенија, толку е поголема шансата дека ќе собере нешто на патот. Тој купува неизмиено, недопрено овошје и зеленчук, во мали количини, што го јаде најмногу за три или четири дена. Целта е да се намали ризикот од листерија, смртоносна бактерија која се развива на температури во фрижидер.
- Месо кое има траги од крв
Сите негови стекови, односно секој вид на кое кое што го јадел во последните 20 години било добро испечено. И тоа е затоа што секоја бактерија која вообичаено се наоѓа на површината, ја убива и припремањето. Доколку има во крвта – бактерија , многу е веројатно да продре и подлабоко. Доколку не го подготвувате месото правилно, ја ризикувате појавата на Е. Coli.
- Семе
Незготвените или лесно готвените семиња се регистрирани како причина за нешто повеќе од 30 големи бактериски епидемии во САД од средината на 1990-тите. Пред неколку години и Европа доживеа навистина голема и гадна епидемија. Претежно станува збор повторно за салмонела и E. Coli.
- Непастеризирано млеко
Само во САД, од 1998 до 2011 година, имало 148 епидемии со труење поврзани со употреба на непастеризирано млеко и млечни производи. Колку голем ризик е ова, покажува и фактот дека многу малку луѓе всушност пијат такво млеко, но во исто време имало толку многу пациенти во толку релативно кратко време.