Тара Џејн – која се нарекува себеси австралиска Барбика, открива дека нејзиниот татко и ги „купил“ првите гради и филери за усни за нејзиниот 20-ти роденден – и оттогаш продолжила со голем број корекции на нејзиното тело. Таа ги зголемила усните до степен на пукање, а сега реши да ги зголеми своите веќе огромни гради.
Тара ја посети канцеларијата на реномираните хирурзи Тери Даброу и Пол Насиф за да го договори следниот зафат.
Меѓутоа, таму ја пречека ладен туш, бидејќи лекарите првенствено беа загрижени за нејзиното здравје и страшна исхрана, која граничи со анорексија.
Откако дознале дека Тара тежи само 45 килограми на висина од 170 сантиметри, тие одбиле да ја оперираат.
Пресметките покажаа дека индексот на телесна маса на оваа Австралијанка е само 15, додека за здрава жена се очекува да биде меѓу 25 и 26.
Изгледот на градите на Тара особено ги шокираше гледачите кои го следеа нејзиното заминување во канцеларијата. Деформациите поради повеќе процедури се повеќе од очигледни.