Иако популарниот актер и музичар Џаред Лето неодамна изјавил дека е уморен од жените, деновиве е виден во друштво на убаваta српска манекенка Нина Сеничар. Убавата манекенка која медиумите во Италија ја нарекуваат “Српската Нина Мориќ” била видена со Џаред Лето во едно кафуле во центарот на Милан. Медиумите не ја исклучуваат можноста за љубовна врска помеѓу Нина и Џаред, но сепак можеби се работи и за деловен состанок, бидејќи убавата манекенка пред извесно време изјавила дека сериозно планира да и се посвети на глумата, и дека нејзината крајна цел е Холивуд.