БОРИС ЏОНСОН направи чекор понапред, донесена е одлука од која му зависи иднината – буквално!

popara27 август, 20201min0
dzonson01 AP_1000x0

Британскиот премиер Борис Џонсон го ангажираше личниот тренер Хари Џејмсон за да ослабе,  откако призна дека е „премногу дебел“ кога се зарази со корона вирусот.

Премиерот беше примен во болницата со Ковид-19 во април, но тој вели дека оттогаш се посветил на вежбање.

Џејмсон рече дека неговите тренинзи „го земаат предвид умот колку и телото“.

Се верува дека искуството на интензивна нега предизвикало промена во ставовите на премиерот за справување со дебелината.

Во јули, тој рече дека, иако тој не е нормално човек кој изигрува „дадилка или шеф“, Британците треба да изгубат тежина за да се заштитат од вториот бран на вирусот.

“Дебелината е еден од реалните фактори на коморбидитет. Искрено, губењето на тежината е еден од начините на кои можете да го намалите вашиот сопствен ризик од корона вирусот”, рече Џонсон.

Како дел од напорите да се реши проблемот, владата објави дека ќе забрани рекламирање брза храна на ТВ пред 21:00 часот.

На лично ниво, британскиот премиер рече дека „сакал да изгуби тежина со години“, додавајќи дека се бори со масните наслаги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag