Баба нашла хамбургер од МекДоналдс стар 24 години! Сите се чудат како тој изгледа денес.

popara31 август, 20201min0
mekdonalds

Американката Али Шреб објави видео на TikTok во кое нејзината баба покажува како изгледа хамбургер што го чува 24 години.

Во видеото кое досега собра 3,8 милиони прегледи, бабата отвора кутија за чевли во која, како што тврди, чува хамбургер и компири од Мекдоналдс од 1996 година. Иако тие не изгледаат многу свежи, тешко е да се претпостави од нивниот изглед дека имаат 24 години.

Баба прво ги покажува компирите, за кои коментира како да паднале зад седиштето на автомобилот пред еден месец и додава дека воопшто не поцрнеле.

После тоа, таа покажува хамбургер каде ниту месото, ниту лебот  покажуваат траги од распаѓање.


Ова не е првпат некој да објави видео на храна на Мекдоналдс на Интернет.

– Нашите хамбургери, како и сите други намирници, можат да се распаѓаат, но за тоа мора да има одредени услови, пред се влага – коментира една, Ана Кристерсен, директор на одделот за репутација на брендот во МекДоналдс.

– Без доволно влага, ниту во храната, ниту во околината, бактериите нема да се појават и затоа храната нема да се распаѓа. Ако храната е доволно сува, таа нема да се распаѓа. Слична работа се случува со дехидрирана храна што ја подготвувате дома. Иако овој хамбургер е сув и дехидриран, тој во никој случај не е ист како денот кога беше купен – додаде таа.

Нејзината теорија ја потврди и Доналд Шафнер, професор кој објаснил за „Фокс њуз“ дека хамбургерите во Мекдоналдс се многу добро печени, што на почетокот убива бактерии, и додаде дека овие хамбургери, доколку се чуваат во соодветни услови, едноставно стануваат дехидрирани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag