VII
Активностите на слободните ѕидари се одржуваа во згради кои не беа проектирани ниту пак градени за намената да се користат како масонски храмови. Меѓутоа поради дадените околкности, ваквата намена им беше “подарена“, па поради тоа извесно време белграѓанските масони се собираа и во Kapetan-Mišinom зградата, која беше лоцирана на денешниот Studentski trg.
Ова не беше сосема случајно или пак необично, со оглед на тоа дека Капетанот Miša Anastasijević беше слободен ѕидар. Зградата беше изградена во 1863 година, а најпрво Miša Anastasijević планираше на тоа место да изгради приватна палата. За проектирањето на оваа преубава зграда, а во тоа време и единствената монументална зграда, беше одговорен Jan Nevola (од Чешка), кој во истовреме беше и главен градежен инженер на “Popečiteljstvo vnutrenih dela”. Според објаснувањето на Др. Branko Vujović, зградата е изградена во духот на романтизмот, а нејзината архитектура отсликува мешавина на романско-готска, ренесансна и српско-византиска традиција. На средината на главната фасада се вградени склуптури на Apolon и Minerva.
Во текот на градењето, Капетанот Miša Anastasijević, се откажа од својата првобитна намена на зградата и одлучи да ја “донира“ на својата “татковина“, како што всушност и пишува на самата зграда. Интересно е што после големите општествени промени од 1863 година па натаму, кога и официјално беше отстапена, зградата до денешен ден ја има зачувано оваа намена. Голем број на сопственици на згради кои ја имале истата идеа (да биде користена нивната зграда за потребите на татковината), тоа го немаат доживеано.
Во зградата на Капетанот Miša Anastasijević беа сместени Gimnazija, Velika škola, Ministarstvo prosvete, Narodna biblioteka, Narodni muzej, а денеска во него се наоѓа Rektorat Beogradskog Univerzitet.
Дел од главната фасада на оваа зграда сигурно ќе ви го привлече вниманието, бидејќи над прозорот е лесно воочлив симбил – тоа е стилизирано вплетени двојни триаголници, кои го создаваат Соломоновиот печат (или Давидовата ѕвезда). Овој симбол најчесто се сретнува во еврејската традиција, но поради придонесот на Соломон, ѕвездата претставува значаен симбол кај слободните ѕидари.
IX
Историски гледано, најважна зграда за масонството во Белград пред Втората светска војна се наоѓаше на денешната улицата Svetozar Marković 46. Инаку, пред почетокот на Втората светска војна оваа улица го менуваше своето име, односно најпрво беше Studenička 46 A, а подоцна Garašannova 8.
Дозволата за градење беше обезбедена од страна на ложата “Pobratim” од Белград. Во дозволата која беше издадена од Судот, на 27 јуни 1923 година, а како претставник на оваа ложа беше наведен Đorđe Vajfert. Овластен градежник кој го надгледуваше градењето беше Đura Bajalović исто така масон и познат градежник, која има голем број на познати објекти што ги има изградено. Всушност, во оваа зграда се одржуваа најважните активности на слободните ѕидари во Србија пред почетокот на Втората Светска војна.
Кога нацистичка Германија почна видно да напредува во покорување на народите во Европа, а притоа не криејќи ги своите негативни чувства кон масоните, стана сосема јасно дека порано или подоцна ќе дојде до прогонство и на југословенските масони.
Поради тоа во оваа зграда во 1940 година, се донесе одлуката за т.н. “самозаспивање“ на Големата ложа “Jugoslavija”.
X
Сепак една од најважните згради која требаше да биде именувана “Kuć slobodnih zidara”, доколку се изградеше ќе беше највпечатливата слободноѕидарска зграда во Белград. Гледајќи го зачуваниот нацрт во Arhivu grada Белград од 1923 година. Со сигурност може да се тврди дека слободните ѕидари сакаа да направат голем масонски храм во престолнината, но од непознати причини истиот не беше изграден. Инаку, нацртот за оваа зграда беше направен од страна на познатиот архитект Nikola Krasnov, кој имаше огромно влијание во архитектурата на Белград во периодот помеѓу двете светски војни.
Споменици подигнати за личности за кои се смета дека биле поврзани со слободните ѕидари
Личностите кои ќе ги споменеме во оваа статија, а особено нивните дела, имаат неоспорено значење за масонството.
Споменик Rigе од Fere
Споменикот на овој грчки песник и револуционер е подигнат на 14 мај 1994 година и се наоѓа на почетокот на улицата која го носи неговото име. Претставува еден од истакнатите револуционери во своето време (1757-1798 година), со јасна визија и идеа за ослободување на балканските народи. Роден е во Грчка, а умира во Белград, односно убиен е од страна на Турците во кулата Nebojša. Бил член на ослободителната грчка Heterij, која имаше блиски односи со слободните ѕидари, но и со членовите на белграѓанските ложи како и пријателски односи со познатите српски масони (како што беше Dositej).
Споменик Dositej Obradović
На првиот српски современ просветител, Dositej Obradović, му беше подигнат споменик во 1914 година во Univerzitetski (Studentskog) park. Dositej живееше во периодот од 1742 до 1811 година, а во круговите на масонството пристапи во Трст.
Склуптурата е направена од страна на хрватскиот вајар Rudolf Valdec, исто така слободен ѕидар. Како и животот на Dositej и самиот споменик има необична историја. Во Србија во 19 век, покрај Dositej, се размислуваше и за подигање на споменик на Karađorđe. Неколку децении подоцна, а поврзано со стогодишнината од смртта на Dositej, белграѓанската општина распиша конкурс за иградба на овој монумент. Помеѓу два автори, изградбата му беше доверена повторно на Rudolf Valdec.
Иако Valdec беше слободен ѕидар, сепак масоните тврдат дека тоа не беше причината поради која беше избран. Идеата ја Valdec, а тоа може да се види и денеска во Univerzitetski park, е навистина впечатлија, а судејќи според изборот на комисијата, сепак неговата идеја беше најдобра. Неговото членство во масонствтото не беше пресудно за да го добие овој прокет.
Исто така, името на Rudolf Vladec се поврзува и со плакетата која Големата ложа “Jugoslavija” ја имаше испратено до неговото величество Кралот Aleksandar и Кралицата Marija, на денот на нивната венчавка на 8 јуни 1922 година во Белград. Со желба за убава и среќна иднина, плакетата беше потпишана од страна на Големиот мајстор Đorđe Vajfert. Според информациите кои беа напишани во масонското списание “Neimar”, во кутија со сребрен оквир стоеше сребрена плакета со ликот на Неговото Величество, а на паргамент испишано: Неговото Величество Крал Aleksandar Prvi и Кралица Marija, Големата ложа на Србија, Хрватска и Словенија “Jugoslavija”.
Споменик Karađorđe
На водачот на Првото српско востание, му беше подигнат споменик во западниот дел на Svetosavski plato, во 1979 година. Склуптурата е поставена на постамент изработен од камен, а подигнат на хумус, кој треба да асоцира и да ја претставува местото од каде водачот го набљудуваше Белград во 1806 година, пред да го ослободи од Турците.
Не треба да се занемари ни фактот дека овој хумус, поставен во пирамидална форма, е всушност поврзан со масонската претпоставка дека Karađorđe беше дел од слободните ѕидари иако не постојат докази за тоа. Оние кои ја застапуваат оваа теза, тврдат дека имал контакти со слободните ѕидари уште пред почетокот на Првото српско востание. Точно е дека не постојат никакви докази за членството на Karađorđe, но постои фактот дека неговото дејствување, односно востанието на Србија против Турција, беше пандан на европските стремежи за остварување на паролата “слобода-еднаквост-братство“, т.е. обидите овој дел од Балканот да се придвижи кон Европа.
Споменик Кнез Mihail
Иако за најпознатиот српски владател, Кнез Mihail Obrenović, не постојат податоци кои би го потврдиле неговото членство во масонството, голем дел од српските слободни ѕидари тврдат дека тој сепак бил масон. Овој заклучок се базира на неговите провропски, просветителски ориентации, но и поради тоа што беше голем поборник за делата на Garibaldi (кој претставува еден од најзначајниот и најистакнатиот слободен ѕидар во италијанската историја).
Во официјалниот весник на Големата ложа на СХС “Jugoslavija”, “Šestar”, беа наведени прибелешките на Sreten J. Stojković: “Врз основа, на блиските односи кои ги имал Кнез Mihail со италијанските слободни ѕидари и патриоти, како Mazzini и Garibaldi, се смета дека и тој бил дел од слободното ѕидарство. Најверојатно бил примен во Париз, Лондон или Лајпциг“.
Sreten J. Stojković ги анализираше контактите на Кнез Mihail со Napoleon III, од каде што произлезе заклучокот дека, кнезот, познавајќи ги конзервативните сфаќања на татко му, не можел да дозволи да постојат докази за неговото членство во масонството. Поради тоа се смета дека Кнез Mihail бил примен во Сојузот во кругот на неговите најблиски соработници. Всушност, тоа се случува и денеска, особено во држави во кои масонските организации не се прифатени. Така што, браќата се примаат под псевдоними, под број или некој нивен личен знак.
Споменикот на Кнез Mihail беше направен од страна на Enriko Paci од Италија, а неговото свечено откривање се организираше во 1882 година.
Споменик Moša Pijade
Поставен е на Novinarski trg, пред зградата Politika. За неговото дело ќе пишуваме во една од наредните статии, а овде само би сакале да го наведеме како еден од позначајните слободни ѕидари.
Споменик Ivo Andrić
Голем писател, добитник на Нобелова награда, има оставено огромен придонес во литературата. Неговиот литературен опус имаше големо влијание врз читателите. За Andrić постојат податоци дека бил слободен ѕидар, меѓутоа на необичен начин ја напушти оваа огранизација. Се претпоставува дека тоа се случило пред почеткот на Втората светска војна, кога имал “блиски односи“ со сопругата на Gustav Kreklec, исто така масон. Во слободното ѕидарство, неверството се смета за голем престап, особено кога ваков грев е направен со сопругата на некој од браќата.