Регионална претседателска средба во Охрид

popara11 јули, 20111min00
photo-20-03-09-05-44-15

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе биде домаќин на третата Регионална лидерска средба што ќе се одржува во Охрид, а ќе биде упатена и до Брисел и до европските престолнини.

Иванов, и неговите колеги од Албанија, Бамир Топи, од Црна Гора, Филип Вујановиќ и од Косово, Атифете Јахјага ќе испратат порака дека споделуваат европски вредности и идентична визија за иднината.

Врвен приоритет за четирите земји е забрзана интеграција во Европската унија и во НАТО, а реализирањето на овие заеднички стратешки цели е можно само со интензивна билатерална, но уште позначајно, регионална соработка.
Имено, темите кои се на агендата, проектите за кои ќе разговараат четворицата претседатели, оценува Иванов, практично е невозможно да се реализираат без ангажман на владите и доколку не се создаде обврска за наследниците да го следат започнатиот пат.

На Самитот во Охрид, претседателот Иванов на своите колеги ќе им предложи поширока листа на можности за јакнење на регионалната соработка, и ќе  апелира во  вид на неформален заклучок да се одредат приоритетите на кои ќе се фокусира соработката во периодот до следниот состанок.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag