Gumball 3000

popara12 јули, 20113min00
gumball-3000-r8-1

Gumball 3000 е интернационално рели, кое завзема место на разни јавни патишта, со должина од 3000 милји, секоја година. Основано е во 1999 година од Максимилион Купер и во просек по 120 егзотични и моќни спортски автомобили имаат право на учество секоја година. Овој тип на рели не е сериозна трка за време, односно позиција. Организаторите потенцираат дека ова е авантура, а не трка. Кратко кажано ова е авантура за најбогатите и познатите личности, каде тие се истакнуваат со своите егзотични и моќни спортски автомобили.

Историја

1999
Оригиналното рели почна со 55 автомобили, кои ги возеа пријатели на Купер и патуваа од Лондон до Римини, Италија и назад, поминувајќи преку Париз. Како контролни точки им беа Le Mans патеката, музејот на Ferrari, F1 патеката во Монако, фабриката на Ferrari во Маранело, Ambras палатата во Австрија и F1 патеката Hockenheim во Германија, пред да се вратат во Лондон да ја поминат линијата во Park Lane. Победникот возеше Jaguar E-Type од 1963 година. Меѓу другите возачи беше актерот Били Зејн во Aston Martin DB5 од 1965 година, Џејсон Престли во Lotus Esprit V8 и Дени Миног во Porsche Boxster.

2000
Во мај 2000 година, второто рели започна од местото Marble Arch во Лондон и продолжи до аеродромот Stansted од каде сите автомобили беа пренесени до приватен аеродром во Шпанија. Релито потоа напредуваше преку Европа, односно Билбао, Кан, Милано, Баден-Баден, Нирбургринг патеката во Германија и Хамбург пред да се вратат накај Лондон. Попознати учесници беа drum and base легендата и негативецот од Џејмс Бонд Goldie, во Aston Martin V8, Тара Палмер Томкинсон во Jaguar XK8, Брус Рејнолдс во Bentley, бендот Placebo во Lagonda, бендот Happy Mondays во 2+2 Jaguar и Максимилион Купер во познатото Bentley Arnage 1WO.

2001
Третото рели, одржано во април 2001 година, вклучи 106 автомобили, вклучувајќи ги Џони Ноксвил, Стив-о и Крис Понтиус, глумците од Jackass во Jaguar XJ6 од 1989 година. Потоа светскиот F1 шампион Дејмон Хил во Lamborghini, комедијантот Вик Ривс во Mercedes-AMG, грофот Монтагу во Blower Bentley, бизнисмените Џастин Етцин и Лорд Едвард Спенсер Черчил во полициски Range Rover и Максимилион Купер во Shelby Cobra. Релито започна од Hyde Park во Лондон до Берлин, Малборк, Вилниус, Санкт Петерсбург, Хелсинки, Стокхолм и Копенхаген, па назад во Лондон. Ким Шмиц заврши прв со неговиот Mercedes Brabus SV12 Megacar. Избрани делови од Jackass беа емитувани како Jackass Gumball 3000 Special, на MTV и се здоби со највисока гледаност во годината. Руби Вакс исто така настапи со емитување на нејзиното борење со Крис Понтиус додека возачите беа заглавени на Литванско/Летонската граница.

2002
Четвртото рели се одржа во април 2002 година, првото кое е одржано надвор од Европа. Почнувајќи од Њујорк, завршувајќи во Playboy вилата во Лос Анџелес. Контролни точки на релито беа “Белата Куќа” во Вашингтон, Мемфис, во Тенеси на ручек во вилата на Елвис Присли и Грејсленд. По пречекот од Dallas Cowboys во Тексас, паузи беа направени кај Cadillac ранчот, Санта Ана, Ново Мексико, Големиот Кањон и Лас Вегас, Невада, пред да застанат кај Playboy вилата во Беверли Хилс, каде Хју Хефнер и моделите на Playboy доделуваа трофеи. Во ова рели влегле 175 автомобили, пречекорувајќи го лимитот, вклучувајќи Corvette обоена во стил на американското знаме, Ferrari 250 GT California Spyder од 1959 година, и други американски “мускулести автомобили” и модерни супер-автомобили. Попознати личности кои учествуваа: модната дизајнерка Дона Каран, супермоделот Џоди Кит, моделите Ејми Весон и Рејчел Хантер, бизнисменот Џастин Ецин и актерот Метју Мекконахју.

2003
Петото рели беше одржано во мај 2003 година, со повеќе од 100 автомобили, почнувајќи од Сан Франциско, Калифорнија со завршеток во Мајами, Флорида. Релито помина преку Рено, Невада, Лас Вегас, Тусон, Аризона, Бели Песоци, Сан Антонио, Тексас, Хјустон и Њу Орлеанс, Луизијана. Меѓу попознатите беше Рајан Дан, заедно со Тони Хок и Бам Маргера во изнајмен Dodge Viper, Буки Ласек, мотокрос светските шампиони Тревис Пастрана и Кери Харт и супермоделот Џоди Кид. Од автомобили можеше да се види Ferrari F50, Ferrari 360, Lamborghini Murcielago, Koenigsegg CC, адаптиран VW Eurovan и сл. Алекс Рој и Дејв Махер го земаа трофејот заедно со нивното полициско BMW M5, опремено со германска полициска опрема. Top Gear изјави дека Koenigsegg CC8S ја држи највисоката казна за голема брзина, напишана во Тексас, која изнесува 389 km/h во зона со ограничување до 120 km/h.

2004
Шестото рели беше одржано во мај 2004 година, вклучувајќи 192 автомобили. Релито започна кај Ајфеловата Кула во Париз и продолжи во Бјариц, Мадрид и Марбела пред да го помине Средоземното Море, па до Африка. Во Маракеш, Мороко, учесниците беа гости на кралот, пред да се вратат во Шпанија, за големата награда на Барселона и да завршат во Кан на филмскиот фестивал. Бившиот светски шампион во бокс Крис Еубанк возеше камионет, додека Адриен Броди возеше Porsche, ‘Ai Ya’ момците изнајмија Winnerbago RV трејлер и Роб Рајдек и Кристофер Бојкин возеа на релито со изнајмен автомобил. Гери Лутке и Џон Доерти го освоија Spirit трофејот со Citroën 2CV, додека наградата за најдобар стил отиде кај тимот на Алекс Рој “Polizei 144”, облечени како канадската кралска полиција. Џастин Ецин и моделот Мелиса Бредбури возеа оригинален Ford Crown Victoria, на њујоршката полиција и добија награда за најоригинален автомобил на релито. Наградата за безбедност беше доделена на Торкенштајн за преживување на за малку фатален судир со Dodge Viper во Мороко. Комплетно женскиот тим воден од Алисон Корниа и Касандра Данган Porsche 911 Turbo X50 ја добија Technomarine Timekeeper’s наградата. Бившиот шампион во џокеј Ричард Данвуди и новинарот Клемент Вилсон се возеа во Volvo V70R. Клемент Вилсон го напиша делото “Нашето Gumball Рели”, издадено од Virgin Books.

2005
Седмото рели започна од Trafalgar Square во Лондон на 14 мај, 2005 година и напредуваше од Лондон до Брисел, Прага, Виена, Будимпешта и во Дубровник, Хрватска. Автомобилите потоа беа пренесени преку траект во Бари, Италија, па поминаа низ Targa Florio во Сицилија, една од најстарите тркачки патеки, па се насочија кон Рим и Фиренца. Завршетокот беше во Монако. Дерил Хана, рок ѕвезди и супермодели со возила со распон од возилата од “Dukes of Hazzard” до Ferrari Enzo, Mercedes-Benz SLR, BMW M5. Рели возачот Кен Блок исто така учествуваше таа година со неговото 2004 Subaru WRX Sti спонзорирано од DC Shoes. Неофицијалните победници беа Грег и “Калбас” во Mercedes CLK-DTM, кои уништија само една недела стар Mercedes-Benz SLR McLaren, од причина што им се дупна гума на кратко растојание пред завршетокот.

 

Продолжува…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma