Италијанецот Антонио Урзи е изгледа единствениот човек кој досега има снимено повеќе од 1.700 НЛО појави во различни форми и облици, како топки, тањири и други предмети. Овој интересен случај е конечно истрагажен, а во врска со истрагата е направен и документарен филм.
Повеќето од снимките потекнуваат од кровот на зградата каде што живее Антонио, каде редовно се појавуваат необични предмети и летала. Антонио сите нив редовно ги снима и ги чува во својата архива.
Неговите снимки небото над Милано го прават доста раздвижено, исто така и снимениот материјал е доста квалитетен за разлика од снимките на другите НЛО ентузијасти.
Бидејќи никогаш никој не успеал да присобере толку многу снимен материјал од ист извор и на истото место, се поставува прашањето дали ова е навистина еден од најинтересните случаи во НЛО историјата.
Сите овие прашања се опфатени во документарниот филм под името “Случајот Урзи: НЛО мистерии на небото над Италија. Во прилог краток увид на филмот кој има времетраење од еден час.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=AqX42xoToF8