Луѓето што сакаат да ослабат веруваат во различни не проверени совети. Еве неколку заблуди кои се шират околу луѓето што се на диети:
Оброкот пред спиење дебелее
Секојдневно, на вашето тело му е потребна одредена количина на калории за да функционира нормално. Затоа, ако почувствувате потреба за ужина пред спиење, слободно послужете се. Се разбира, умерено.
Прескокнувањето на оброците го забрзува слабеењето
Со прескокнување на оброците само го намалувате правилното функционирање на метаболизмот, бидејќи во следниот оброк ќе изедете многу повеќе храна за да ја надокнадите загубата на виталните состојки за нормално функционирање на телото.
Здравата храна не е вкусна
Со малку фантазија и информираност, секоја храна може да биде токму по ваш вкус. Набавете готвачи со рецепти за здрава храна, побарајте ги на интернет, во списанијата… и ќе откриете изобилство на зачини и комбинации со кои ќе постигнете неверојатен вкус на диеталната храна.
Заборавете на слатките
Можете да јадете темно чоколадо, колачи со белки од јајца, кафеав шеќер, компоти засладени со мед… Важно е пред секој залак да размислите дали тоа е вистинскиот избор или постои нешто друго со помалку калории, а исто толку слатко и примамливо.
Здравата храна е скапа
Може, но не мора да биде. Ако се одлучите за лосос и тартуфи, тогаш ќе ви требаат многу пари, но ако се задоволите со туна, шампињони, сезонско овошје… можете да се опуштите. Всушност, одењето кај доктор, во фитнес центар и на антицелулитни масажи е многу поскапо.