Сопругата на Алек Болдвин со години ја мами целата јавност!

popara3 јануари, 20216min0
profimedia-0297836235-830x0

Алек Болдвин (62) е во брак 8 години со Хиларија Томас Болдвин (36) со која има пет деца.

Парот досега привлекуваше големо внимание во јавноста, но никогаш како со скандалот што сега одекна во светските медиуми.

Имено, станува збор за фактот дека Хиларија со години ја мами јавноста кога станува збор за нејзиното потекло. Таа во медиумите тврдеше дека е родена во Шпанија, и дека не е Американка.

Таа гордо ги потенцираше своите „корени“ од споменатата европска земја, а за да изгледа сè „поверодостојно“, често знаеше да внесе шпански збор и фраза во интервјуата.

Сепак, пред две недели, една анонимна жена напиша на Твитер:

  • Неверојатно е како Хиларија Болдвин се преправаше дека е од Шпанија сите овие години. Не разбирам зошто лаже дека живеела таму и дека дошла од таму?

Токму тој коментар започна лавина написи, а масовно почна да се шири видео во кое таа зборува за тоа како е родена во Шпанија, додека зборува со изразен акцент.

Во една емисија, таа исценираше дека заборавила да каже „краставица“ на англиски јазик.

Но, по притисокот од следбениците и текстовите во медиумите, Хиларија конечно проговори.

Таа рече дека нејзиното вистинско име е Хилари, дека е бела и дека е всушност родена во Бостон, а не во Мајорка, како што тврдеше претходно.

  • Да бидам јасна, Европа е полна со белци, а моето семејство е бело. Јас сум од мешано потекло, јас сум израсната во духот на две култури – рече таа.

Хиларија, односно Хилари, честопати истакнуваше дека пристигнала во САД само на 19-годишна возраст, со цел да студира во Њујорк, што го откриле нејзините поранешни колеги од училиштето.

Тие рекоа дека отишла на училиште во Вестон, Масачусетс и дека нејзините родители биле професори, но и дека никогаш немала странски акцент.

На прашањето зошто лаже за ова, таа рече дека „смета дека е кул“ и дека со тие информации „смета дека ќе бидат поинтересни за јавноста“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag