1.Рим, Италија
Рим е главен град на Италија и неговиот Латински регион (Лацио). Се наоѓа на сливот на реките Тибер и Аниен. Во минатото бил главен град на Римската империја, најмоќната и најдолготрајна империја во класичната Западна цивилизација. Ватикан, суверена држава во Рим, е седиштето на Римската католичка црква и дом на Папата.
Рим е најголемиот град и општина во Италија и една од најголемите европски престолнини (според површина), со 1.285 квадратни километри. Територијата на општината се протега до Тиренското Море, со областа Остиа, на југо-запад, лоцирана на брегот. Во градските граници, населението е околу 2,5 милиони; скоро 3,8 милиони живеат во општата област на Рим, претставена како провинцијата Рим, со што е вториот град по население во Италија, веднаш зад Милано.
Со бруто домашен приход од 97 милијарди евра во 2005, општината Рим произвела 6,7% од БДП на Италија, што е највисока стапка меѓу сите италијански градови.
Градот има 2.800 годишна историја и своевремено бил седиште на антички Рим, Папските Држави, Кралството Италија и Италијанската република (модерна Италија). Рим се нарекува и “la Città Eterna” (Вечниот град), “l’Urbe” (латински за Градот) и “Градот на седумте рида“.
Цивилизацијата на антички Рим потекнува од 8-от или 9-от век п.н.е. кога племето Латини мигрирало на Апенинскиот полуостров во областа околу реката Тибар. Околу илјада години Рим бил најважниот град во Западниот свет и веројатно најголемиот град во светот, со околу 1,5 до 2 милиони жители, како главен град на Римската имперја. Со подемот на христијанството, Рим станал центар на Римската католочка црква и дом на папите. Спорото пропаѓање на Римската империја го најавиле доаѓањето на Средниот век, но градот ја повратил важноста како културен центар на Западното Римско царство во следните неколку стотици години се до Ренесансата. Рим и денес е влијателен, како главен град на Италија и Католичката црква и како голема метропола.
Според Римската митологија, Рим бил основан на 21 април 753 п.н.е. од близнаците наследници на Тројанскиот принц Аенас, Ромул и Рем. Ромул го убил Рем во една караница околу местоположбата на градот и станал првиот од седумте Кралеви на Рим, а градот го добил името според него.
Во централен Рим доминираат традиционалните седум рида кои потсетуваат на латинскиот мит за почетокот на градот.
Климата во Рим е најпријатна од април до јуни или почетокот на јули. Во август, температурите надминуваат и 35 степени. Многу институции се затвараат во август и тогаш римјаните традиционално го напуштаат градот за места со поладна клима. Просечната температура во декември е околу 13 степени.
Денес Рим има динамична и разновидна економија со успешни иновативни, технолошки, комуникациски и услужни сектори. Произведува 6,7% од националниот БДП (повеќе од било кој друг град во Италија). Рим расте 4,4% годишно и продолжува да расте со повисока стапка од ривалските градови од земјата. Економскиот развој на Рим почнал да ги надминува растовите на Неапол и Милано по Втората Светска Војна. Туризмот е една од главните гранки во Рим, со многу музеи меѓу кои и Музејот на Ватикан и Галеријата Боргезе. Градот е центар на банкарството, исто како и на електронската и воздухопловната индустрија.
Многу меѓународни седишта, министерства, конференциски центри, спортски објекти и музеи се наоѓаат во римските деловни реони: Esposizione Universale Roma (EUR); Torrino (јужно од EUR); Magliana; Parco de’ Medici-Laurentina и т.н. Tiburtina-valley по античката Via Tiburtina.