Брајан Остин Грин ја пронајде среќата со танчерката Шарна Бургес по раскинувањето на бракот со Меган Фокс со која е во сред развод!
Брајан, кој се прослави во 90-тите во серијата „Беверли Хилс, 90210“, повторно е заљубен во професионалната танчерка Шарна Бургес (35) со која е на одмор на Хаваите. Младенците не престанаа да се насмевнуваат заљубени на плажа и не можеа да и одолеат на страста, па беа видени како се бакнуваат.
Грин го покажа истетовирано торзо во костими за капење, а Шарна го покажа своето совршено, обучено тело во минијатурно бикини. Во еден момент, Брајан и го миеше задникот и грбот од песокот. Актерот ја фотографирал и Бургес, па се знае кој е одговорен за нејзината насмеана слика на Инстаграм.
Австралиската убавица и стана позната на јавноста по шоуто „Танц со sвездите“ на телевизијата АБЦ, а во 2018 година ја освои 27-тата сезона во комбинација со радио и ТВ-презентерот Боби Боунс (40).
Како 5-годишно дете, Бургес започна да вежба балет, џез и гимнастика, а подоцна и разни стилови на танцување. Таа победи на многу натпревари во танцување во нејзината земја и ја претставуваше Австралија и на меѓународни натпревари. На 18-годишна возраст се преселила во Лондон и станала дел од шоуто „Едноставно балрум“, кое исто така се изведувало на престижниот Бродвеј.