Дехидрираноста може да предизвика депресија

popara14 јули, 20111min00
voda(1)

Дехидрирањето е еден од најголемите проблеми во тропските горештини, а научниците докажаа дека доколку пиеме малку вода, предизвикуваме состојба на депресија која не попречува во секојдневните активности.

До 2020 година, депресијата ќе го заземе првото место во светот помеѓу сите болести, пред лидерите на денешницата – заразните и кардиоваскуларните болести. Денес, депресијата е најчеста болест која ги напаѓа жените. Американските научници веруваат дека нејзината зачестеност е поврзана со намаленото внесување на вода во исхраната на современиот човек.

Истражувачите од универзитетот Тафтс спроведоа експеримент во кој дел од учесниците добиле вода во саканата количина, а дел од нив во ограничени количини. Како резултат на тоа, кај претставниците од втората група доминирало депресивно расположение, замор, како и знаци на лутина и конфузија. Експертите забележале и намалена способност за размислување.

Тие тврдат дека потребната количина на вода за нормално функционирање на телото зависи од тежината, физичката активност на личноста и временските услови. Со оглед на топлината која владее овие денови,  не заборавајте да испиете осум-девет чаши обична вода секој ден, и покрај испиените шолји кафе, чај или сокови. Пожелно е секој ден да изедете и по една чинија супа, со цел да ги повратите електролитите кои телото ги губи со потењето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma