Холивудскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли, пред само неколку месеци ги полнеа страните на сите магазини со големите барања и високи критериуми за дадилката која ќе ги чува нивните шест деца. Освен тоа што се бараше дадилката да ги знае сите мајчини јазици на многуте деца, требаше да знае и да црта, глуми, пее, да свири на неколку инструменти, да знае да игра голф…
Но, ете сега за сега тие привремено, си најдоа машка дадилка. Па додека Бред Пит е на подготовките за светската премиера на филмот “Moneyball”, децата уживаат на плажа под контрола на машката дадилка.