
Актерката Салма Хајек објави две фотографии на кои позира во бикини на Инстаграм, и покажа толку совршено тело што е тешко да се поверува дека е изгледа така во педесеттите години.
На првата фотографија актерката позира во плиткото миејќи го лицето, а на втората медитира на песок.
„Ние мора да го зачуваме мирот“, напиша таа во описот. Фотографиите добија скоро половина милион лајкови за помалку од еден час, а фановите ја преплавија со комплименти.
„Божица“, „Убава како и секогаш“, „Ти си толку секси“, „Убавица“, беа некои од коментарите. Инаку, Салма ќе наполни 55 години во септември оваа година.