Ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп, наскоро би требала да се породи.Но, тоа не ја спречува да ги посетува јавните настани. Иако Иванка е на добар пат да се породи, таа изгледа беспрекорно.
Со сопругот Јаред Кушнер, како и неколку пријатели како Никол Кидман и Кит Урбан во средата се појавила на премиерата на филмот “Snow Flower and the Secret Fan” во Њујорк. Таа изјавила дека со нејзиниот сопруг уживаат во последните денови на “слобода”, пред бебето да дојде на свет.