
Шпанската фармацевтска компанија „Фрамамар“ објави дека е објавен преглед во стручното списание „Наука“, со кое се потврдува дека лекот Плитипепсин може да биде „потенцијално ефикасен“ во претклиничкиот третман на „ковид-19“.
Врз основа на научно истражување спроведено во Њујорк, Сан Франциско и Париз, откриено е дека лекот помага да се намали ширењето на вирусот во телото на заразени животни и да се намали концентрацијата на вирусот во белите дробови на животните третирани со плитидепсин.
По денешното отворање на берзите, вредноста на акциите на Фармамар скокна за 13%, на 98,5 евра, пренесува Ројтерс.