Дуото Александар и Дац и музичкиот состав „Destiny Quartet“ ја преработија „Јовано, Јованке“

popara22 февруари, 20211min0
dac

Познатата народна песна „Јовано, Јованке“, под продукциската палка на искусните и докажани Маурицио Абени и Марко Страчони од Италија, доживеа нов аранжман.

Безвремената песна, музички ја интерпетираа современиот гудачки состав „Destiny Quartet“ од Софија, Република Бугарија и Дуото „Александар&Дац“ (омилени на бугарската публика со песната „Корона Чао”).

Со посебна жар, „Јовано, Јованке“ ја свират прекрасните дами од квартетот „Destiny” кои, преку магијата на своите гудала ги повикаа гласовите на популарното дуо „Александар&Дац“ и заедно создадоа љубовна магија.

„Кога е нешто со љубов направено, велат дека е „осудено на успех”. Ако имате и „Љубовен пасош” како нашиот, тогаш тоа е „љубов без граници”. А најновиот „Љубовен пасош“ нé води на релација Скопје – Софија и обратно“, за оваа соработка коментираа македонските шоумени.

„Овој проект не е само обична песна или кавер верзија. Ова е приближување помеѓу нашите два народа. Знаејќи дека за музиката, љубовта и убавото не постојат граници, сигурни сме дека со „Љубовниот пасош” правиме вистински чекор за ширење бескрајна љубов и позитивна енергија“, изјавија девојките од „Destiny Quartet“.

За овој нов музички аранжман, уметниците снимија и видео запис, реализиран во рамки на „Музеј на Земјата и луѓето“ во Софија, под искусното режисерско око на Тошко Чапканов и неговата Екипа.

Преземено од lokalno.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma