Актерот Хју Грант изјавил дека се кае за тоа што снимал филмови со продуцентската куќа “20 Century Fox”, бидејќи не знаел дека сопственик бил Руперт Мурдок, главниот и одговорен на контраверзниот таблоид “News of world”.
Само неколку дена откако британскиот таблоид е затворен поради скандали по 168 години, на Грант воопшто не му се допаѓа фактот дека во неговата биографија стои дека соработувал со нив.
“Бев млад и наивен. Не ме интересираше во чија сопственост е компанијата. Не ми е сеедно што со нив снимав филмови. Тоа беше пред 16 години”, вели британскиот актер.
Некои новинари сметаат дека ваквите изјави може да му наштетат на неговата кариера.
“Навистина тоа не ме загрзижува. Секако не планирав да снимам во блиска иднина”, додава Грант.