Мажи на “претек“ се бараат жени! :) Google+ со 90% машки корисници!

popara17 јули, 20111min00
googleplus

Три четвртини од корисниците на новата социјална мрежа Google + која започна со работа пред две недели се мажи.
Веб страницата SocialStatistics пресмеала дека 86,8 % се машки корисници на Google + , а страницата FindPeopleOnPlus од 1 милион испитаници утврдила дека машки корисници се 73,7 % на социјалната мрежа Google +.
Од FindPeopleOnPlus истотака откриле дека 95 % од корисниците на Google +, кои велат дека се во “потрага по љубов” се машки корисници.
Околу 25.000 корисници опфатени во испитувањето се идентификувале како самци, во однос на 19.000 кои се во брак и 12.000 корисници кои се моментално во врска. Сепак најголемиот дел и тоа неколку милиони корисници несакале да го поделат својот “љубовен” статус.
Околу 60 % од испитаниците се идентификувале како програмери или софтверски инженери, со што се добива прилично стереотипна слика за социјалната мрежа Google +, “бубалици” кои се разбираат во тенологија и ко го користат своето мало слободно време во создавање на “кругови” на пријатели.
Докажано е дека секогаш мажите се тие што први ги прифаќаат новите технологии, но на Google + ќе му биде потребна огромен број на мејнстрим публика, ако сака да биде општо прифатена оваа мрежа.
Ако, ги споредиме податоците од Google + со Facebook, на Facebook односот машки-женски корисници е 50% -50%, но сепак најзависни и најодушевени од Facebook се женските корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma