Компанијата Apple започна производство на мобилни микропроцесори од новата генерација А6, во фабриките на тајванската компанија “Taiwan Semiconductor Manifacturing” (TSMC).
TSMC за Apple ќе произведе тест чипови А6, а доколку американскиот гигант биде задоволен од количината и квалитетот на микропроцесорот, пренесува Ројтерс.
Претставниците од тајванската компанија не сакале да ги коментираат овие информации.
Карактеристиките на новиот чип А6 се држат во тајност, а се претпоставува дека тие ќе бидат првите процесори на Apple линиите за мобилни телефони со четри јадра. Најрано би можеле да се појават во 2012 година.
Чиповите А4 и А5 кои се вградени во паметните телефони на iPhone 4 и iPad 2, досега за Apple ги произведуваше Samsung. Но поради нивните спорови за патентите се проценува дека производството сега може да се додели на други компании.