Откога е пуштена од куќниот притвор, проблематичната актерка Линдзи Лохан изгледа подобро од било кога. Таа решила да го надокнади времето кое го изгубила додека била затворена во својот дом , па сега се фрлила на нови проекти. А за тоа дека е спремна да го “освои светот” поажува новиот серијал на фотографии, кои ги направил нејзиниот пријател Тајлер Шилдс.
Лохан на фотографиите е сликана во тунел во Лос Анџелес, прикажана како раскошна и секси убавица, чиј љубовник убива непознат човек за да може да биде со неа. Се чини дека мрачните љубовни приказни одговараат на нејзиниот карактер.